ММС

Објавено на: 08/11/21 3:48 PM

Се повлекува туната „Рио Маре“, можни парчиња метал во составот, информираат од хрватското министерство за земјоделие

Хрватското министерство за земјоделство денеска го отповика, поради можни парчиња метал во содржината, производот со потекло од Италија Рио Маре – туна во маслиново масло, 80 грама – пакување 2х80 грама.

Како што е наведено, производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храната и утврдување процедури во областите на безбедност на храната, пренесува Хина.

Производителот на производот е Bolton FOOD S.P.A. од Италија, а снабдувач е Болтон Хрватска д.о.о. од Загреб.

Извор: Информер.рс

Фото: Shutterstock


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1