ММС

Објавено на: 08/11/21 12:52 PM

Катерина Милеска е именувана за селектор на женската фудбалска репрезентација до 17 години

Сè ште актуелната репрезентативка и тренер на првакот Деспина, Катерина Милеска, именувана е за селектор на женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години, објави ФФМ.

-Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонската репрезентација. Визијата во ФФМ „повеќе жени, повеќе голови“ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал, а јас се надевам дека ќе бидам поттик за дополнителна промоција на нашиот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови, изјави Милеска.

Женската фудбалска селекција до 17 години ја очекуваат два пријателски натпревари во Букурешт против Романија (17. и 19. август), а првиот резултатски предизвик е квалификациониот турнир следниот месец против Украина, Молдавија и Естонија.

-Бев вклучена како тренер во селекцијата до 15 години и одлично ги познавам девојките од репрезентацијата. Проблем е тоа што поради здравстената криза немавме собири и натпревари изминатиот период, но сега ни следуваат два пријателски натпревари против Романија и тоа е убава можност да го видиме нашето ниво на игра. Се надевам дека заеднички ќе ја градиме селекцијата на вистински начин и ќе создаваме репрезентативен квалитет за А селекцијата, рече Милеска.

 

 

Фото:

ffm.mk

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1