ММС

Објавено на: 08/11/21 12:06 PM

Предложена казна за скопјанец кој не почитувал домашна изолација

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднело предлог за издавање казнен налог против едно лице кое не го почитувало решението со кое му било одредено лекување и изолација во домашни услови.

Иако со решението од 28.05.2021 година на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 40-годишниот скопјанец му била одредена домашна изолација во траење од 14 дена заради непосреден контакт со лице заболено со COVID-19,  обвинетиот решението не го почитувал и го напуштил домот – соопштија од Jавно обвинителство.

При извршена проверка на 04.06, се наведува, полициските службеници не го затекнале во домот во Кисела Вода, на адресата на која требало да биде во изолација.

– Со ова обвинетиот го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик за што јавниот обвинител предложи да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението од Обвинителството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1