ММС

Објавено на: 08/11/21 11:08 AM

Влегол во фирма да краде, полицијата го затекнала на дело – Апсење во Скопје

Маж на возраст од 35 години фатен на дело додека извршувал кражба во фирма, полицијата веднаш интервенирала, информираат од Министерството а внатрешни работи.

-Вчер  во 15.45 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода М.Ј.(35) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во обид во фирма и бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик, стои во соопштението на полицијата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1