ММС

Објавено на: 08/11/21 8:20 AM

(Видео) Вака падна мозокот на „Пинк Пантер“ – Скокна од прозорец, но специјалците му поставија замка!

Предраг Вујошевиќ, мозокот на разбојничката банда, „падна“ на Канарските Острови заедно со четворица членови на „кланот шкаљари“.

Тој скокна од прозорецот од вилата, но сепак беше фатен од полицијата и уапсен.

Предраг Вујошевиќ (47), познат како Марко Црногорац, кој од светската полиција е идентификуван како шеф на бандата „Пинк Пантер“, кој беше уапсен во саботата во Шпанија на Канарските Острови.

Тој беше придружуван од четворица членови на кланот, кај кои полицијата пронајде 408 килограми кокаин, како и половина милион евра во готово.

Според шпанските медиуми, оваа група била под надзор од ноември минатата година, кога во два наврати се обиделе да „исперат“ повеќе од 400.000 евра.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1