ММС

Објавено на: 08/11/21 7:45 AM

Рокот за пријавување за реонски попишувачи и инструктори истекува за два дена

Утре завршува јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите.

Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.

Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk  и https://popis2021.stat.gov.mk

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев” бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Досега, според податоците објавени на веб страницата на ДЗС, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190 359 лица  од дијаспората.

Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

 

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1