ММС

Објавено на: 08/10/21 10:17 PM

Тажна вест! Почина актерката Сабина Ајрула Тозија

На 75-годишна возраст, по долго и тешко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија.

Сабина последниве години се прослави и пошироко со улогата во познатата турска серија „Величествениот“, а позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“).

Актерката беше сопруга на Љупчо Тозија, поранешниот македонски амбасадор, режисер и директор на МРТ. На почетокот од годинава била оперирана од тумор на мозокот.

Вечерва и министерката за култура Ирена Стефоска се прости од актерката на социјалните мрежи.

-Родена глумица со раскошен повеќедецениски репертоар на сцената и на филмот. Од Фатиме до Вера, до грандиозните турски продукции. Сабина, дама и пријател. Ретка ѕвезда на нашите простори.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1