ММС

Објавено на: 08/10/21 7:10 PM

Фатени четворица малолетници за разбојничка кражба во Скопје

Денеска од полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Аеродром, Драчево, во полициска станица биле повикани двајца малолетници, поради основано сомнение дека заедно со други две малолетни лица, сите од Скопје, извршиле кривично дело “разбојничка кражба”, информираат од МВР.

На 4-ти овој месец околу 21.30 часот, во близина на сендвичарница, тројца од нив физички нападнале малолетно лице, а четвртиот малолетник со употреба на сила одзел пари.

Во присуство на родителите е извршен службен разговор со двете повикани лица, при што го појасниле настанот во целост.

По насока на Јавен обвинител за малолетници од ОЈО Скопје, по комплетно документирање на случајот против четирите лица ќе биде поднесена пријава согласно чл.238 од Кривичниот законик.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1