ММС

Објавено на: 08/10/21 4:28 PM

Се запали камион пред тунелот кај Демир Капија

Попладнево е опожарен камион кај тунелот пред Демир Капија, на патот од Удово кон Скопје. Очевидци за МИА рекле дека со навремена интервенција на неготинските пожарникари, била избегната поголема штета, бидејќи камионот бил полн со роба.

Тие додале дека биле спасени и камионот и робата.

Од Територијалната противпожарна единица Неготино го потврдија случајот за МИА.

– Беше пријавено дека на камион му се запалиле гумите, кога кочел, па паркирал. Пожарникари интервенираа на лице место, навремената интервенција спречи поголема штета, рекоа од Противпожарната единица.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1