ММС

Објавено на: 08/10/21 4:02 PM

(ВИДЕО) Влогот во новата 45 метарска противпожарна скала многу значи за безбедноста на граѓаните

Во време кога пожарите беснеат во нашата земја, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов сподели видео од новото специјализирано противпожарно возило за Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

„Безбедноста на граѓаните е наша примарна задача. Токму затоа влогот во ново специјализирано противпожарно возило кое е опремено со 45 метарска противпожарна скала, според сите европски и светски стандарди за безбедност, значи навистина многу за безбедноста на нашите сограѓани и нивните имоти, но и за спасувачите од противпожарната бригада“, напиша Шилегов.

Со ова возило пожарникарите конечно можат да интервенираат кај граѓани кои живеат над петтиот кат, проблем кој за жал досега беше многу тешко решлив, а максималната височина скалата ја достигнува за само 20 секунди, што го прави целиот процес на интервенирање побрз и поефикасен.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1