ММС

Објавено на: 08/10/21 2:17 PM

Платиле за огревни дрва кои не ги добиле: Сопружници од Свети Николе жртви на измамник

Вчера попладне во полициската станица во Свети Николе, шеесет и седумгодишна жена од овој град пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето дошло во дворот и на неа и нејзиниот сопруг им понудило огревни дрва. Како што е пријавено, откако се договориле тие го известиле дека не можат да ја платат целата сума одеднаш и лицето прифатило и ги зело парите, по што заминало и не се вратило – информира полицијата во денешниот билтен.

Оттаму велат дека веќе преземаат мерки зарасчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1