ММС

Објавено на: 08/10/21 1:59 PM

Приведен жител на Селце за пожарот во Штипско

Штипската полиција соопшти дека вчера во 14.00 часот, по наредба на Јавен обвинител, во Полициската станица Штип, во врска со пожарот што на 06.08.2021 настана помеѓу селата Драгоево и Селце, штипско,  на разговор бил повикан Е.Е.(43) од с.Селце.

-Исто така, по наредба на Јавен обвинител од лицето биле одземени и дадени на вештачење предмети за кои постои сомнение дека биле користени при извршување на делото, соопштуваат од СВР Штип.

Пожарот меѓу селата Драгоево и Селце изби во неделата и зафати нискостеблеста шума и трева во прилично непристапен терен. Градоначалникот на Општината Штип, Сашко Николов објави сомневање дека пожарот може да е подметнат и објави фотографија од свежи траги на мотор.

-Во раните утрински часови, нашите пожарникари пристигнаа на тешко пристапниот дел во атарот на село Драгоево и го санираа пожарот кој започна во текот на вчерашниот ден. Причината за овој пожар ќе оставиме нашите служби темелно да ја истражат, напиша Николов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1