ММС

Објавено на: 08/10/21 12:23 PM

Наместо да се бањаат се тепале на плажа – Пресметка на стружани и охриѓани

Охриѓани и стружани наместо да уживаа на плажа тие направиле инциденти, полицијата морала да интервенира.

Според информациите на охридската полиција вчера  биле поднесени неколку пријави за нарашување на јавниот ред и мир на охридските плажи.

– Вчера во СВР Охрид, приведен е З.Д.(55) од Охрид кој претходно, по нарушен јавен ред и мир на плажа на Охридското езеро, агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени мерки. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Вчера   во 17,40 часот, на плажа на Охридското езеро нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетни лица, во која се вклучиле В.К.(35) од една и А.Ј.(49) од друга страна. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.-

-Вчера  во 13.40 часот, во ОВР Струга пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.П. врз С.И. (40), двајцата од Струга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1