ММС

Објавено на: 08/10/21 9:49 AM

Глобалното затоплување би можело да доведе до губење на цели држави!

Глобалното затоплување над 1,5 степени ќе биде катастрофално за пацифичките островски земји и може да доведе до губење на цели држави поради зголемувањето на нивото на морето во текот на овој век, предупредија експертите.

Лидерите на пацифичките земјите вклучително и австралискиот премиер Скот Морисон и премиерката  на Нов Зеланд, Џacасинда Ардерн, во петокот присуствуваа на видео состанок со лидерите на форумот на Пацифичките Острови, каде со експертите разговараа за последиците од климатските промени, пренесува Гардијан.

Според новиот извештај на Гринпис, овој регион има една од најниските емисии на јаглерод во светот, 0,23 проценти од сите глобални емисии, но страда од некои најрани и најсериозни влијанија од зголемувањето на глобалните температури.

Последиците од климатските промени се веќе присутни овде, што може да се види  и по катастрофалните циклони, зголемената соленост во водата, што спречува одгледување на земјоделски култури, постојани суши и закана за островот поради зголемувањето на нивото на морето, и овие појави како што велат експерите се  се очекувани да бидат уште почести и посериозни додека планетата се загрева.

Во извештајот, во чија подготовка учествуваа повеќе од 200 автори, беа разгледани пет сценарија, а заклучокот е дека за 10 години температурата поставена од светските лидери како цел ќе биде надмината.

 

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1