ММС

Објавено на: 08/10/21 9:17 AM

Тарантино нема никогаш своите милиони да ги подели со својата мајка

Писателот и режисер Квентин Тарантино  наводно е „тежок“ околу 120 милиони долари благодарение на огромните успеси на неговите филмови, вклучувајќи ги “Pulp Fiction”, „Kill Bill“, „Once Upon a Time… In Hollywood и „Inglourious Bastards“.

Сепак, тој нема да го дели своето богатство со неговата мајка, бидејќи таа била „саркастична“ за неговите соништа да стане писател.

– Кога ми зборуваше на саркастичен начин, си реков себе си , во ред госпоѓо. Кога ќе станам усшешен писател, никогаш нема да видиш ниту денар од мојот успех. Нема да има куќа за тебе. Нема одмор за тебе. Нема да добиеш ништо затоа што беше саркастична со мене, го изјавил ова Тарантино пред медиумите.

Кони го родила Квентин на 16 години, а татко ги напуштил непосредно пред да се роди Квентин.

 

Извор: Б92.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1