ММС

Објавено на: 08/10/21 8:00 AM

Русија на Курилските Острови ќе изгради повеќе од 50 воени објекти

Русија ќе изгради повеќе од 50 воени објекти на Курилските Острови, близу границата со Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението издадено од руското Министерство за одбрана се наведува дека досега е завршена изградбата на околу 30 воени објекти на Курилските Острови.

„Меѓу изградените воени објекти, има 7 згради за воено сместување, од кои една ќе биде завршена оваа година. Севкупно, изградбата на 51 воен објект ќе биде завршена во блиска иднина“, се нагласува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

– Спор меѓу Русија и Јапонија за Курилските Острови

На крајот на Втората светска војна во 1945 година, Советскиот Сојуз ги анектираше Курилските Острови, кои се протегаат на околу 1.300 километри од Хокаидо во Јапонија до полуостровот Камчатка во Русија, разделувајќи го Охотското Море од Тихиот Океан.

По анексијата, поради спорот околу копнената област што Јапонија ја нарекува „Северни Региони“, меѓу Русија и Јапонија се водат преговори за потпишување мировен договор, но страните не можат да постигнат резултати во преговорите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1