ММС

Објавено на: 08/9/21 8:54 PM

Грчкиот премиер се извини за пропустите во гасењето на пожарите

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се извини за пропусти во борбата против катастрофалните пожари и одобри 500 милиони евра за да им помогне на луѓето.

Додека пожарите и натаму беснеат, а владата ги проценува првите штети, Киријакос Мицотакис дошол на телевизија за јавно да се извини и вети дека никој нема да биде поштеден од одговорност, но во исто време повика на единство на нацијата.

“Размерите на штетите ни го параат срцето. Се извинувам за загубите што ги претрпевте”, рекол Киријакос Мицотакис.

Извор: Блиц.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1