ММС

Објавено на: 08/9/21 3:55 PM

Починаа две лица од Ковид-19, 143 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи со Ковид-19, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Најголем број од новозаразените се од Скопје – 79, по што следат Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по шест, Радовиш – три, Струмица – два, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по еден.

Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 1.

Пријавени се две починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројот на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а на активни случаи изнесува 2.099.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1