ММС

Објавено на: 08/9/21 2:07 PM

Коронавирусот ќе биде како грипот, целосно под контрола – прогнозира творецот на вакцината Спутник В

Коронавирусот, поради создавањето ефикасни средства за борба против неговото ширење, во иднина ќе биде болест кој може да се контролира со вакцина како грипот – изјави директорот на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург.

„Тоа ќе помине како грип во смисла на тоа дека ќе преземеме соодветни мерки, средства за борба против овој вирус и негово отстранување од категоријата новонастанати болести. Ќе научиме како да се заштитиме многу ефикасно“, изјави еден од креаторите на руската вакцина против коронавирусот Спутник В во документарниот филм „Додека сме живи-ќе живееме“.

Гинзбург тврди дека вакцинацијата против ковид-19 ќе може да го заштити човекот од вирусот подолго од две години.

„Во процесот на еволуција развиен е таков механизам што наместо антитела се формираат таканаречени мемориски клетки. На пример, ако кај една личност прво се создале 100 мемориски клетки, тогаш поради втората доза вакцина веќе ќе се формираат 10 илјади мемориски клетки. Ако со примањето на една доза постои гаранција дека ќе бидете заштитени со мемориски клетки од три до пет месеци, тогаш со примањето две дози ќе бидете заштитени повеќе од две години“, објасни директорот на „Гамалеја“.

Вакцината Спутник В на 11-ти август лани доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот на светот. Досега оваа вакцина е регистрирала во 69 земји.

 

Извор: novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1