ММС

Објавено на: 08/9/21 1:27 PM

Плик со три куршуми адресиран до Папата Франциск

Плик со три куршуми адресиран до Папата Франциск пронашле вработените во поштата во Пешиера Боромео, провинција на територијата на Милано. Полицијата веднаш реагирала, а како што пренесуваат локалните медиуми, пратката пристигнала од Франција со порака која се однесува на финансиските трансакции на Ватикан. Во пликот се наоѓале три куршуми Флобер, што претставува муниција за пиштол – објави Milano Corriere.it.

Адресата наведена на пликот била Papa – Vatican, Piazza S. Pietro, напишана со тешко читлив ракопис и без податоци за испраќачот.

Писмото го пронашле вработените во поштата додека ги сортирале пратките.

Пликот е одзеден со цел да се утврдат деталите, а почната е и истрага по која се очекуваат повеќе информации.

 

Извор:  ba.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1