ММС

Објавено на: 08/9/21 12:27 PM

Изменет режим на сообраќање на линиите 5, 11 и 11А – соопштија од ЈСП Скопје

Од денеска, понеделник (9.08.2021 година), линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“ – соопштија денеска од ЈСП Скопје.

Возилата од посочените линии ќе возат по посочениот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

ЛИНИЈА 5

*автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса

*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат и возилата од линија 160

*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИИТЕ 11 и 11А

*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса

*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1