ММС

Објавено на: 08/9/21 11:56 AM

Ако сакате да одите по „кафиќи“, вакцинирајте се, рече министерот Бектеши

Покажувањето на серитификатот за вакцинација и редарската служба во угостителските објекти, кои како мерки вчера ги предложи Владата, а треба да стапат на сила од 16 август,  се со многу нејаснотии за граѓаните.  Затоа на денешната средба со новинарите министерот за економија Крешник Бектеши, појасни што значат новите мерки и како ќе се применуваат.

-Овие мерки не се целосна забрана за угостителските објекти, туку само за тие што работат внатре. Првично редарот нема да оди и да бара сертификат од гостите. При секој влез ќе има луѓе одредени од страна на менаџерите или сопствениците на угостителските објекти. За да влезат треба да покажат потврда или сертификат за вакцинација, а  државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли во сите објекти за да видат дали тоа се почитува или не, рече министерот.

Во одос на деталите и за да биде појасно Бектеши рече:

-Внатре не може да влегуваат гости од наредната недела, забавите на затворено се забранети. Надвор треба да се почитуваат момнталните протоколи, секако надополнети со условот за вакцинација. Секој што сака да посетува угостителски објект треба да има потврда за вакцинација. Ова важи доколку во објектот има над 30 гости. До 30 гости во моментов не важи оваа мерка. Ако бројот на гостите е под 30 угостителскиот објект нема обврска да има редарска служба, рече министерот и додаде:

-За да биде појасно ќе кажам дека треба да се направи разлика. Значи од 16 август нема да има свадби, прослави и веселби во затворено, а на отворено ќе треба сертификат за вакцинација и редарска служба ако сакаат да организаираат ваков тип забави. Значи секој граѓанин кој сака да посети угостителски објекти мора да биде вакциниран и да има сертификат за вакцвина. Останатите мерки си останува да си важат, како што е четвротица на една маса и дистанца. За непочитување на оваа мерка граѓаните нема да бидат казнети, ќе се казнуваат угостителските објекти. Значи ако сакате да одите по кафулиња, вакцинирајте се, појасни министерот на крајот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1