ММС

Објавено на: 08/9/21 11:26 AM

До милион евра помош од државата за сите од дијаспората што ќе инвестираат во Македонија, рече министерот за економија Крешник Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со новинарите меѓу другото ги обави и поволностите за сите наши во дијаспората, кои сакаат да инвестираат во татковината.

-Нашите од дијаспората доколку сакаат да се вратат дома и да инвестираат во Македонија, освен 15 проценти дополнителна помош од државата ќе можат да добијат и до милион евра помош од нивната инвестиција. Затоа сакам да ги повикам сите наши инвеститори, да ја искористат оваа приликика и до 16 август да ги достават нивните апликации. Сите инвестиции надвор од зоните треба да аплицираат во Агенцијата за странски инвестиции, а кои се во зоните треба да аплицираат во Дирекцијата за технолоши и инвестициски развоја, рее министерот Бектеши.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1