ММС

Објавено на: 08/9/21 7:45 AM

Пожарот во Калифорнија е вториот најголем во историјата на државата

Пожарот што трае веќе 3 недели во американската сојузна држава Калифорнија, наречен „Дикси“, е регистриран како втор најголем пожар во историјата на државата. Американските власти соопштија дека во пожарот е оштетена површина од над 187.000 хектари, известува Агенција Анадолија (АА).

Пожарот „Дикси“, што сѐ уште е активен во северозападниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, засега не може да се стави под контрола.

Според соопштението што го објави Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари (Cal Fire), „Дикси“, кој е активен веќе трета недела, регистриран е како втор најголем пожар во историјата на државата.

„Кал фајр“ (Cal Fire) објави дека во регионот целосно изгорела површина од вкупно 187.000 хектари, а покрај историскиот град Гринвил кој е претворен во пепел, голем број згради се неупотребливи.

– Градот Гринвил целосно е претворен во пепел

Пожарот „Дикси“ во потполност го уништи историскиот град Гринвил на северозапад од државата во кој живееја повеќе од 800 луѓе, а повеќе од 180 објекти се неупотребливи.

Американскиот Национален меѓуагенциски противпожарен центар објави дека повеќе од 37.000 пожари низ целата земја, што избувнаа од почетокот на годинава досега, претвориле во пепел површина од над 300.000 хектари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1