ММС

Објавено на: 08/9/21 7:26 AM

Без вода и без потреба не излегувајте од дома – Се враќаат пеколните горештини

Дождот што беше најавуван викендов не забиколи и денес повторно се враќаат пеколните горештини. Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер. Максималната температура ќе достигне до 41 степени, а УВ индексот ќе биде 9.

Натпросечни температури ќе бидат и утре и задутре, повторно ќе се бориме со над 40 степени. Убава вест доага во среда, кога од УХМР најавуваат пороен дожд и грмежи, се очекува температурите да паднат за неколку степени.  И на 35 е жешко ама над 40 е уште повеќе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1