ММС

Објавено на: 08/8/21 11:06 PM

(Видео) Италијанците ги палат зелените пасоши, протести низ цела држава против новите мерки

Повеќе од илјада граѓани се собраа на Народниот плоштад во центарот на Рим, извикувајќи „Нема зелена пропусница“ и „Слобода“.
Илјадници луѓе демонстрираа и во Милано, а некои носеа значки со ѕвездата на Давид, како оние што ги носеа Евреите во Германија за време на нацистичката ера, со зборовите „ не е вакциниран“, објави агенцијата ANSA.


Околу 100 луѓе од движењето “No Vak” исто така се собраа во Неапол, особено спротиставувајќи се на вакцинирањето на децата, извикувајќи „Рацете подалеку од децата“ и „Срамота, срамота“, објави лондонски „Гардијан“.

Таканаречената зелена пропусница, во рамките на дигиталниот сертификат за ковид сертификат на ЕУ, стана задолжителен во Италија од петокот за влез во кина, музеи и затворени спортски сали, но и за гости во затворени простории во ресторани.

Извор: informer.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1