ММС

Објавено на: 08/8/21 6:12 PM

Избувна нов пожар во светиноколско кај Богословски рид, пожарот во делчевско и пехчевско се уште активни

Заседава Главниот штаб при Центарот за управување со кризи со цел да се договорат активности кои треба да бидат спроведени во текот на утрешниот ден, каде е најкртично доколку избувнат нови пожари, изјави на попладневната прес-конференција помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова.
„ Ќе се донесат мерки и активности со препораки за утрешното дејствување на ресурсите на локално ниво, додаде Милкова.
Таа информираше дека во 15:30 часот е избувнат нов пожар во светиноколско кај Богословски рид. Појасни дека пожарот е активен и оти на терен има припадници од противпожарните единици на Свети Николе и околните градови.
Исто така, нов пожар има во Крушево во село Светомирани, каде е запалено ѓубриште. Милкова наведе дека пожарот делумно е локализиран, меѓутоа се држи под контрола.

Пожарот во Прилеп кај селата Дрен и Смолани е локализиран, меѓутоа на потегот кај село Топлица истиот е активен и сега во попладневните часови на лице место е испратен авионот „Спартан“ на романското Воено воздухопловство, кој во неколку наврати ќе истури вода се со цел истиот да биде ставен под контрола и во текот на денот да биде локализиран, изјави Милкова.
Според податоците на Центарот за управување со кризи, на територијата на државата попладнево се активни дестина пожари со разлилчен итензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, на Китка и крај патот Шипковица-Бродец.
Пожарот во атарот на Делчевско е активен, при што се појавиле нови жаришта. Пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник на натот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.

Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци и од силниот ветер огност се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.
Пожар избувнал и во атарот на село Драгоево во Општина Штип, а според ЦУК, има сознанија и за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе.
Огнената стихија на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај се движи кон сртот и нема опасност за селата. Таму гори мешана шума на доста непристапен терен, па на место на пожарот нема ниту една екипа.
Со воздухоплови е дејствувано кај пожарот во реонот на Катланово, односно на потегот меѓу селата Дивље и месноста Крушје. Пожарот сега се движи кон Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.

Пожар е регистриран на Преслап на Китка, кој со време губи на сила.
На подрачјето на Прилеп се активни два пожари и тоа во атарите на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума, како кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп – Градско.

MIA

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1