ММС

Објавено на: 08/8/21 3:17 PM

Македонската фудбалерка Грозданова под „капата“ на Црвена звезда

Женскиот фудбалски клуб Црвена Звезда од Белград ја зема под своја „капа“ 12 годишната Меланија Грозданова од Скопје која е голема надеж во најваѓната споредна работа на светот кај понежниотпол разговараше со 24инфо.
Таа веќе неколку години активно тренира фудбал во клубот ФК-Кул од Кисела Вода, а е дел и од репрезентацијата на Македонија за играчи до 15 години, но од неодамна остави силен впечаток на високи претставници на ЖФК Црвена звезда.

Имено, Меланија пред неколку недели беше дел од познатиот камп „Деки 5“ на Златибор во Србија, каде што имаше можност да тренира со свои врсници, но со нејзиниот неверојатен талент и огромна страст кон фудбалот успеа да ги плени претседателката на ЖФК Црвена звезда, Сандра Сремчевиќ и селекторот на првиот тим, Дарко Стојановиќ.

Тие во неа препознаа голем потенцијал и без двоумење предложија во иднина да остане под нивното будно око, да присуствува на кампови и турнири организирани од овој клуб, затоа што како што истакнаа, таа е особено талентиран играч целосно посветена на фудбалот и секој тренер и клуб би ја посакал во својот тим.

 

Меланија во Златибор доби шанса и да изигра пријателски натпревар за тимот на Црвена звезда, што за неа претставува огромна чест, радост и задоволство,каде што ги оправда очекувањата на стручниот штаб. Ова девојче кое има неверојатно топла насмевка и долга руса коса, кога ќе ги облече копачките се претвора во вистински „Роналдо“ на фудбалските терени. Тоа не е случајно. Покрај талентот, таа секојдневно се посветува на топката и на својот матичен клуб, од каде добива голема поддршка и мотивација полека, но сигурно да стигне до самиот врв. Таа својата енергија, како што вели, ја црпи од своето семејство и од нејзината сестричка, кои се секогаш покрај неа.

Приказната за Меланија и ЖФК Црвена звезда треба да биде поттик за младите девојчиња и момчиња да спортуваат, да вложуваат многу труд во тоа што го работат и да веруваат во себе и во своите соништа.

Можете да ја следите на нејзиниот инстаграм профил :
https://www.instagram.com/tv/CPyJED4Huxs/?utm_medium=copy_link
Јутјуб канал : https://youtube.com/channel/UC6rlcVnrHq4_kjs8U0ND0fQ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1