ММС

Објавено на: 08/8/21 1:54 PM

Пожар во планината над штипското село Драгоево

Горат сува трева и ниско стеблести растенија над штипското село Драгоево. Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов за МИА вели дека дојавата за пожар ја добииле пред 45 минути, една екипа на Противпожарната единица е пратена на терен за интервенција.

„Нашата екипа е веќе на терен, но теренот е непристапен и пожарникарите не можат да пристигнат до локацијата, за да се спречи неговото ширење. Побарано е од страна на месното население, кое го знае теренот да се пристапи до локацијата, изјави Атанасов.

Екипата кога ќе пристигне до самиот пожар треба да направи проценка дали е потребно да се анагжираат и други пожарникари, но и останатите сили. Засега според проценките станува збор за пожар со помали размери.

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1