ММС

Објавено на: 08/8/21 12:20 PM

Шахпаска: Барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош

По скенирањето на состојбата со пожарите од екипите на Центарот за социјална работа од Берово, кој е надлежен и за Пехчево и Делчево, барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која заедно со премиерот Зоран Заев, со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите изутрината го посетија беровско-пехчевскиот крај.


„Ние сме во состојба да ги апсорбираме барањата на граѓаните и да одговориме на нив. Министерството во буџетската проекција има средства што треба да одговарат на потребите на граѓаните кога се најранливи, односно во состојба на ризик во ситуација како што е и оваа. Кај нас повикот е постојално отворен и сите кои имаат потреба се обраќаат до центрите за социјална работа, потоа се излегува на терен и се прави проценка. Дополнително имаме и други алатки кои помагаат во урегентни и акутни состојби, како што е еднократната парична помош во одреден износ, кој би им помогнал на граѓаните. Ние сме подготвени да одговориме на потребите и барањата на граѓаните,“ рече министерката Шахпаска.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1