ММС

Објавено на: 08/8/21 2:45 PM

Седумнаесет општински организации бараат оставка на Морачанин, од ДОМ велат дека тоа е неуспешен обид за дискредитирање на партијата

Седумнаесет општински организации на ДОМ, бараат оствка од претседателката Маја Морачанин.

На денешната прес-конференција којашто се одржа во Велес потенцираа дека се дистанцираат од недемократските одлуки и постапки на раководството на ДОМ и претседателката.

„Јасно и гласно пред целата јавност изјавуваме дека нашето дистанцирање е поради недемократските, нестатутарните и нечовечките постапки на Маја Марочанин и елитистичкото друштво кое ја киднапираше зелената партија. Тоа друштво повеќе не ги застапува зелените вредности и зелените политики. Тоа друштво одработува за нечии интереси и се труди ДОМ како зелена партија целосно да ја уништи. Маја Морачанин со актуелното раководство се само лица поединци без поддршка од општинските организации на партијата. Истите се интересираат само да приграбаат нови позиции, жестоко се пресметуваат со секој неистомисленик го отстранат, разрешат или игнорираат, беше речено на прес-конференцијата.

Разединувањата започнале со игнорирање на иницијативата за демократизирање на партијата зад која застанаа мнозинството членови на Централниот Одбор и 2/3 од Општинските организации. Потоа нестатутарно со фантомски гласачи ги разрешија од потпретседателска функција Ана Петровска и Мирослав Богдановски, лица кои кои се признати борци против загадувачите, за потоа да излобираат и разрешување на Ана Петровска од Директорската позиција во Инспекторатот за животна средина. И не останаа само на тоа преминаа кон делење на откази кон лица кои не се согласуваат со нивните нестатутарни и недемократски дејства.

„На улица оставаат лица со врвни резултати во нивното професионално работење, вршат мобинзи и притисоци, делат откази на лица кои што се поддржувачи на иницијативата за демократизирање на партијата. Згора на се формираа коалиција МАГЛА со која сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните на престојните локални избори. Од Маја Морачанин бараме ОСТАВКА. Напушти ја Маја зелената партија. Не ја уништувај единствената зелена партија. Судејќи според реакциите од разрешувањето на Ана Петровска се гледа дека на демократската јавноста и е кристално јасно дека се работи за лажни демократи и лажни зелени, беше посочено на денешната прес-конференција.

Барањето за оставка доаѓа од 17 општински организации на ДОМ:

Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Пробиштип, Дојран, Ѓорче Петров.

ДОМ-Неуспешен обид за дискредитирање на партијата

Зелената партија ДОМ ги негира индивидуалните изливи на незадоволство и клевети искажани на денешната прес-конференција на Алтипармаковска во однос на функционирањето на Партијата и на работата на нејзината лидерка, Маја Морачанин. ДОМ одговорно тврди дека лажно се прикажува незадоволство на 17 општински организации, чии членови не се ниту запознати ниту консултирани за оваа прес-конференција.
Очигледно е дека мала група на лица, од кои, некои лажно се претставуваат со функции од партијата, имаат јасна намера да му наштетат на ДОМ и да го нарушат кредибилитетот и рејтингот на Партијата пред локалните избори. Тоа, сепак, не може да ги збуни граѓаните на кои не им е јасно која е политичката цел и намера на Алтипармаковска, ниту, пак, за што таа се залага. Ќе беше добро наместо неосновани обвинувања и етикетирања, да им објасни на граѓаните што сработи за овие четири години како советничка од ДОМ во Битола.
Барањето оставка од претседателката Маја Морачанин, не е основано, зашто само пред некој месец, на состанок на Централниот одбор на Партијата, таа поднесе Извештај за нејзината двегодишна работа и побара членовите на ЦО да се изјаснат дали имаат доверба таа да продолжи да ја води партијата. Без ниту еден глас против или воздржан, и беше изгласана доберба, со што, уште еднаш, се потврди единството на членството на Партијата и заложбите за доследно спроведување на зелените политики, се вели во соопштението од ДОМ

 

 

 

#DOM#зелени#ДОМ#green#демократија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1