ММС

Објавено на: 08/8/21 9:52 AM

Од утре сите информации за кредитите и депозитите за граѓаните, на веб-страницата на Народната банка

Во првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија, којашто беше донесена неодамна, се предвидени повеќе активности за олеснување на пристапот на граѓаните до финансиите, но и за нивна поголема заштита, коишто ќе се преземаат од страна Народната банка и другите финансиски регулатори, во соработка со финансиските институции и граѓанскиот сектор.

„Од понеделник, сите граѓани ќе имаат унифициран пристап, на едно место, до најважните информации за потрошувачките и станбените кредити на целиот банкарски систем. Најголемиот број банки и штедилници го објавуваа најголемиот дел од информациите и до сега, но не унифицирано, не на ист начин, не во иста табела. Од понеделник, за секој граѓанин, овие информации ќе бидат достапни на ист начин, кај секоја банка и секоја штедилница. Значајно е да се истакне дека МБА и банките покажаа големо разбирање и целосно ја поддржаа оваа активност, со која настојуваме секоја банка и секоја штедилница да објавува избрана група информации што се од значење за формирање целосна слика за производот што се нуди, што понатаму треба да овозможи носење издржана одлука за производот од страна на клиентот. Со ова всушност ги насочуваме клиентите кон најзначајните аспекти коишто треба да ги имаат предвид при разгледувањето одделни кредити и депозити, заради избор на соодветен производ, истовремено водејќи сметка и за можните ризици“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Стандардизираните податоци севкупно ќе бидат достапни на веб-страницата на Народната банка, како и одделно, на јасно назначено место на веб-страниците на сите банки и штедилници. Објавата ќе ги опфати најрепрезентативните видови потрошувачки и станбени кредити за населението, како и најрепрезентативните видови депозити за населението кај банките и штедилниците. Покрај основните информации за банкарските производи, како рочноста, валутата и каматната стапка, предвидено е објавите да вклучуваат и дополнителни подетални информации, како што се висината на стапката на вкупните трошоци кај потрошувачките кредити и трошоците коишто не влегуваат во оваа стапка, видот на обезбедувањето и минималниот сооднос обезбедување / кредит кај станбените кредити, можноста за предвремено разрочување кај депозитите и други.

Целото интервју е достапнo на следнaта врска: https://pari.com.mk/intervju-angelovska-bezoska-od-poned/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1