ММС

Објавено на: 08/7/21 7:16 PM

Мигранти се качиле во камион додека возачот правел пауза – Апсење на преминот Богородица

Камионџија додека правел пауза на паркинг незабележително му влегле мигранти во товарниот дел од возилото, информираат од МВР.

-Вчера во 21.00 часот на бензинска станица во близина на Граничен премин Богородица, во товарен дел од товарно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(49) од с.Јосифово, валандовско, полициски службеници откриле пет лица мигранти од Авганистан. По преземени мерки било констатирано дека мигрантите незабележани од возачот влегле во товарниот дел на возилото, додека правел пауза на паркинг. Лицата биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка, стои во соопштението на МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1