ММС

Објавено на: 08/7/21 5:21 PM

„Граѓаните не се сами, сите сме со нив“ – Полицијата ативирана во гасењето на пожарите

И во изминатото деноноќие  со несмален  интензитет  продолжија   активностите за гаснење и превенирање на пожарите  на целата територија  на Република Северна Македонија од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи  каде што беа ангажирани околу 616 полициски службеници,  224 мото-патроли и 189  возила.

Полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествуваа и во спасувачката акција  над село Разловци – Врв Чокалица на 1400 метри надморска  височина. Граѓаните не се сами сите сме со нив


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1