ММС

Објавено на: 08/7/21 5:10 PM

Немаме искуство со гасење на пожари со ваков авион, рано е за импресии – Ангелов информираше за состојбата низ државава

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека се активни седум пожари и дека екипите се спрвуваат со нив на терен.

Од утринава до 16 часот екипите успеале да изгаснат дел од пожарите, но на неколку места низ Македонија повторно дошло до акивирање на  пожарите, еве каде се уште се активни .

-Пехчевско-беровскиот регион таму пожрот се уште е активен иако со намален интензититет и таму на терен е романскиот авион и само тој го гаси пожарот. Пожарот во делчевскиот регион е заобиколен од сите страни и се внимава да не се прошири.  Таму дејствуваат 70 припадници на полицијата, 25 припадници од шумарската полиција, 12 пожарникари и една цистерна исто така на помош се и од јавното комунално претпријатие од Делево и два хеликоптери на АРМ. Пожарот е се уште активен кај селото Разловци местото викано Чукалица. Друг активен пожар има во велешко селото Џудимиринци таму гори висока трева и дабова шума во гасењето учестувуваат,  месното насленение, пожарно возило со пет пожарникари, пожарот се следи. Исто така пожарот е активен во Кавадарци во Манстирец кој се појави во 13 и 30 часот таму гори сува трева и таму го гасат екипи од протипожарните бригади од Кавадарци и од соседните градови. Утринава немаше пожари во Скопје и во скопскиот регион, но во 15 и 10 е појавен пожар во Петровец во село Градманци таму гори ниско стеблеста шума во гасењето на пожарот вклучени се од шумското претпријатие Караџица , пртивпожарна бригада и луѓе од наслеленото место. Пожарот во кумановскот регион кој беше изгаснат,  повотрно стана активен во Старо Нагоричане, Жељувино на местото се пожарникарни екипи од Куманово нема информација засега што гори, информираше  детално Марија Милкова од Центарот за кризи.

Ангелов изјави дека до сега не сме имале искуство да гасиме пожар со авион каков што е романскиот, па рече дека рано е да се кажат импресиите од ефикасноста на овој авион кој собира 6 тони вода.

– Авионот направи два лета, а потоа ќе продолжи гасењето на пожарите со  армиските хелокоптери. Неколку  километри одалечено од пожарот обезбедивме цистерна со керозин за да не мора да се лета до Скопје, исто така за да намалиме на времето во блзиина до цистерната има базен каде се полнат хеликоптерите со вода  за да не се оди до вештачките акумулации кои се подалеку.  Немаме искуство со гасење на пожар со ваков авион, па се уште е рано да ги кажеме нашите импресии. Се работи за авион Ц27Ј Спартал кој носи 6 тони на вода, изјави директорот на ЦУК, рече Ангелов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1