ММС

Објавено на: 08/7/21 2:27 PM

Летаа казни за кумановските возачи

Кумановската полиција  за период од пет часа казниле 32 возачи за брзо возење, соопштија денеска надлежните од МВР.

Според информациите на полицијата од  07: 00 до 12:00 часот била спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. При контролата биле санкционирани 32 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената во населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта,  апелираат од МВР

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1