ММС

Објавено на: 08/7/21 1:15 PM

Романскиот воен авион Ц-27 Спартан се вклучува во борбата со пожарите

Авионот Ц-27 Спартан на романското Воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со шест тони вода врз пожарите, пристигна во земјава и може веднаш да започне со операција за гаснење на пожари. Авионот ќе дејствува во беровскиот регион – соопштија од Министерството за одбрана.

Според Министерството, наскоро се очекува да пристигне уште еден романски авион кој ќе донесе контејнери и дополнителна придружна опрема во поддршка на справувањето со пожарите.

Поддршката од нашиот НАТО сојузник, Романија, во справувањето со огнените стихии дојде, по барањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега, Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите.

– Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка, беше наведено во писмото кое го испрати министерката Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1