ММС

Објавено на: 08/7/21 8:40 AM

Мистериозен богаташ ја купи суперјахтата на коосновачот на Микрософт за 230 милиони евра

Огромната истражувачка суперјахта направена за коосновачот на Микрософт, Пол Ален продадена е за нешто помалку од 230 милиони евра, а сега може да се изнајми за 1, 2 милиони евра. „Октопод“ беше најголемата јахта на светот кога беше завршена во 2003 година, а бродот долг 126 метри беше пресвртница во дизајнот на суперјахти.

Освен вообичаените работи, јахтата има две подморници, два хеликоптера и студио за снимање.

Јахтата се наоѓа на пазарот од смртта на Ален во 2018-та година. Првично беше понудена за 295 милиони евра, но по некое време цената беше спуштена на 235 милиони. Како што пренесува Гардијан, се верува дека е продадена за малку помалку од понудената цена.

Се’ што се знае за купувачот е дека е Скандинавец, како и дека јахтата ќе биде на располагање за изнајмување.

 

Извор: rts.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1