ММС

Објавено на: 08/7/21 7:21 AM

Сончева и топла сабота, од понеделник температурите во пораст

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Максималната температура ќе се движи од 28 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.

Наредните денови следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде в понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне до 40-тиот степен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1