ММС

Објавено на: 08/6/21 6:44 PM

Нов пожар во близина на Градската комунална депонија кај Велес

Доцна попладево, во 17:30 избувна нов пожар во непосредна близина на населната Дурутовец, кај автопатот Велес-Штип во близина на велешката Градска депонија за комунален смет.

На терен со огнената стихија се борат 15 пожарникари од две одделенија од ТППЕ Велес, со противпожарни возила-цистерни и џипови прават големи напори огнот да не ги зафати викенд куќите кои се во непосредна близина, информираат за МИА од ТППЕ Велес.

На помош очекуваат да дојдат и нивни колеги од ТППЕ Велес, а со цел пожарот да биде спречен да зафати поголеми размери.

 

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1