ММС

Објавено на: 08/6/21 5:31 PM

Три хеликоптери се упатени кон беровското село Мачево, каде што ситуацијата ескалираше, објави Ангелов

Три хеликоптери, од кои еден на АРМ и два српски, упатени се кон беровското село Мачево каде што ситуацијата ескалираше, напиша на својот ,,Твитер” профил, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.

-Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското с. Мачево каде ситуацијата ескалира и се појавува опасност за неколку куќи. Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско / делчевско / беровско) се додека има доволно дневна светлина, објави Ангелов.

Според очевидци од терен, огнот бил на педесеттина метри од првите куќи во Мачево.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1