ММС

Објавено на: 08/6/21 4:04 PM

Нови 325 случаи со Ковид-19 во земјата, починато е едно лице

Ковид-19 состојбата во земјата за изминатото деноноќие е следна: од тестирани 5.959 лица, новозаразени се 325. Оздравени се 11 пациенти, а починато е едно лице, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број новорегистрирани случаи на Ковид-19, од се Скопје 101, Тетово 95, Гостивар 43, Куманово 26, Струга 10, од Охрид, Дебар и Кичево по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево по 3, Кавадарци и Штип по 2 и по 1 во Битола, Велес, Берово и Виница. Од регистрираните 11 оздравени пациенти од Скопје се 6, Куманово 2 и Тетово, Гостивар и Валандово по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројот на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а на активни случаи изнесува 1.268.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1