ММС

Објавено на: 08/6/21 1:33 PM

Во Куманово нема веќе пожари

Пожарот кој утринава беше активен во селата Бељаковце и Довезенце е изгаснат, соопшти граодначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Како што појаснува тој, се врши дополнително претражување на терен за целосна ликвидација на пожарот.

-Во моментов на територија на општина Куманово нема активни пожари. Благодарност до сите тимови кои пет дена работеа на гасењето на пожарите во Куманово и регионот. Остануваме во приправност и подготвени да помогнеме на другите општини, вели Димитриевски.

Вчера во Куманово избувнаа осум пожари за 45 минути, кои во текот на денот нанесоа голема материјална штета, изгореа куќи, помошни објекти, добиток и големи пространства шума и сува трева, но нема повредени и жртви.

Во гаснењето на пожарите учествуваа ТППЕ Куманово, АРМ, МВР и цивилното население.

Никола Ивановски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1