ММС

Објавено на: 08/6/21 1:35 PM

Си-Ен-Ен отпушти тројца вработени откако дошле на работа невакцинирани

Телевизиската куќа Си-Ен-Ен информира дека отпуштила тројца вработени кои ги прекршиле сигурносните протоколи за коронавирусот и дошле во своите канцеларии невакцинирани. Тоа е еден од првите познати примери на повеќето американски корпорации кои почнаа со отпуштање работници поради игнорирање на правилото за задолжителна вакцинација.

Си-Ен-Ен претходно годинава им порача на вработените дека ќе мора да се вакцинираат против вирусот за да може да се вратат во своите канцеларии, а од вработени не бараа потврди за вакцинација – пренесе The New York Times.

„Во текот на минатата недела предупредени сме дека тројца вработени кои доаѓале во канцеларија, се невакцинирани. Сите тројца добија отказ“, напиша шефот на Си-Ен-Ен, Џеф Цукер во интерен допис.

Тој не откри каде ќе работат отпуштените, на кои позиции биле и како е откриено дека не биде вакцинирани. Си-Ен-Ен одби да ги коментира деталите за дописот.

Очекуваме дека во следните недели покажувањето потврда за вакцинација ќе стане задолжително – додаде Цукер.

Многу големи компанија вклучувајќи ги Фејсбук у Гугл порачаа дека ќе бараат нивните вработени да се вакцинираат за да може да се вратат во канцелариите.

 

Извор:     hr.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1