ММС

Објавено на: 08/6/21 12:44 PM

Се бараат лицата кои прават лажни ПЦР-тестови во тетовско

Жител на тетовска Стримница пријавил дека на негово име некој направил лажен ПЦР-тест за откривање Ковид-19. Ја известил приватната здравствена установа од каде е пријавено и во тетовската полиција.

-Во СВР Тетово од приватна здравствена установа во Тетово било пријавено дека И.М.(35) од тетовско Стримница кај нив донел фалсификуван ПЦР-тест на негово име. По извршените проверки било утврдено дека е фалсификуван, односно под бројот и датумот на издавање кај нив било заведено друго лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат денеска од СВР Тетово.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1