ММС

Објавено на: 08/6/21 10:58 AM

Пристигнаа 20 000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска

Во земјава утрово пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска, информираат од Министерството за здравство.

Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“ од хрватската Влада. На почетокот од месец јули, донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Од МЗ информираат дека вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.

МИА

Фото/ Илустрација


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1