ММС

Објавено на: 08/6/21 10:44 AM

“Заев е на годишен, но постојано е во контакт со министерствата и надлежните“, одговорија од Влада на прозивките за одморот на премиерот

„Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции, се вели во информацијата од Влада, откако утрово на социјалните мрежи осамнаа фотографии од премиерот Заев и министерот за правда, Бојан Маричиќ, кои во моментов се на одмор во Грција. „Во моменти кога во државата беснеат пожари, тие одмараат“ е коментарот на фотографиите.
-Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор. Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки, се вели во информацијата од Влада, пред малку објавена на нивната официјална страна на Фејсбук.
Тие информираат дека согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.
-Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу, велат од Влада.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1