ММС

Објавено на: 08/6/21 10:25 AM

Внимавајте! Се повлекуваат три вида сладолед на стапче, опасни по здравјето, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство

Oператорот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:

  1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл

Сериски број/лот- PL1048

Рок на употреба: до 28.02.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Франција

2.Сладолед  Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл

Сериски број/лот:MI1118,MI1119

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Полска

  1. Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл

Сериски број/лот:MI1117

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Полска

Увозник во РСМ:АЛМА М

Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет.

Од АХВ апелираат крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нешетено да ги уништат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1