ММС

Објавено на: 08/6/21 9:58 AM

Трагедија! Девет загинати и 30 повредени во судир меѓи автобус и шлепер во Турција

Според првичните информации, 9 лица загинаа, а 30 лица се повредени во сообраќајна несреќа до која дојде меѓу автобус и шлепер во местото Сома во турската област Маниса, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Патнички автобус кој се движел по автопатот на релацијата Истанбул – Измир, удрил во приколката од шлепер кој стоел на десната лента.

Во оваа несреќа 6 лица ги загубиле животите на самото место на несреќата, додека уште 3 починале во Државната болница во Сома каде што биле префрлени. Триесеттемина повредени од страна на екипите на Брзата помош се префрлени во локалните болници.

Се дознава дека во автобусот се наоѓале 50 лица, од кои тројца биле членови на екипажот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1