ММС

Објавено на: 08/6/21 1:13 PM

Жиците од ЕВН предизвикуваат пожар, има очвидци, рече Стојанче Ангелов со апел до граѓаните

На денешната прес конференција ЦУК ја информираше јавноста каде има активни пожари во нашата земја, а беше и потенцирано дека  во ваква состојба не сме оставени сами, туку соседите веднаш ја подадоа пријателската рака и помогнаа  со опрама и ресурси за гасење на пожарите.

-Се уште активни  пожари има во Делчево и Пехчево. Пожар вчера избувна и во беровскиот регион, кој е локализиран од страна на екипите.  А во Свети Николе пожарот беше локализиран, но поради ветровитото време утринава повторно се разгори, па  моментално  пожарот се прошири кон селото Карбинци. Активни пожари има и во Прилеп. Куманово , Крива Паланка каде  пожарот  трае два дена. Активен пожар има и во Валандово, пожарот, но е ставен под контрола. Во Скопје вчера имаше 18 пожари, изгасени беа  13. Активен остана само пожарот во  Сарај, каде беше зафатен и Јасен, но и тој пожарникарите го локализираа иако постои опасност од повторно разгорување. Пожар беснееше и во Охрид, кој денеска исто така успешно беше локализиран. Во Велес пожарот предизивика голема опасност да се прошири до викендиците, но за среќа екипите успешно се справија.  Два активни пожари имаше и во Кавадарци, екипите ги локализираа  пред да се прошири  кон планината Кожув и да зафати поголем простор. Ние ја следиме состојбата, велат од ЦУК

Помошта прва пристигна од Србија, па потоа пристигна помош од Бугарија, Австрија и Словенија  кои со специјализирани екипи и ресурси за гасење на пожарите пристигнаа во нашата земја. Најголема  помош пристигна од Австрија, на помош пристигна  тим од 140 лица со опрема за гасење на пожари.

Од ЦУК апелираа до граѓаните да се воздржат од правење скара, но и апел до пушачите да внимааат како ја гасат цигарата, бидејќи поголемиот дел од пожарите се избувнати поради отпушокот. Ангелов рече и дека некои пожари се настанати од жиците на ЕВН.

–  Утврдено е дека пожари се настанати поради искрење помеѓу жици на бандери или далекуводи, пради што во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрбуција на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов  и исто така додаде дека имало сведоци кои виделе како излегувале искри од жиците, паѓале на земја и биле доволни за да се предизвика пожар.

-Во кумановскиот регион имаме сведоци кои што виделе искрење на жици. Пожарот во Богословец е предизвикан од искрење на жици, имаме очевидец кој видел кога паднале искрите и веднаш се стрчал кон местото, но едноставно бил немоќен, затоа што пожарот се шири со многу голема брзина поради сувата вегетација и ветришта кои постојано дуват, додаде директорот на ЦУК.

(В.М.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1